Неверојатни здравствени бенефити на Ѓумбирот!

Зошто ѓумбирот е еден од најмоќните природни лекови достапни во секое време?

  1. Учествува во борбата против разни инфекции.
    – Gingerol кој е составен дел од ѓумбирот, може да ги намали ризиците од инфекции. Всушност, екстрактот од ѓумбирот може да го намали или целосно отстрани растот и развојот на различни видови на бактерии. Ѓумбирот е многу делотворен против орални бактерии, поврзани со болестите како што се гингивитис и пародонтоза. Свежиот ѓумбир исто така може да биде добар против RSV вируси кој е честа причина за респираторни инфекции.
  2. Возможно е да го намали ризикот на рак или целосно да го спречи.
    – Екстрактот на ѓумбирот, е доста проучуван како алтернативен третман за неколку облици на рак. Во ова истражување, учествувале 30 поединци кои секојдневно земале екстракт од ѓумбир, што значително ги намалило антиинфламаторните знаци во дебелото црево. Меѓутоа, истражувањето кое ги следеле поединци со висок ризик од појава рак на дебелото црево не ја потврдило оваа информација. Некои истражувања тврдат дека ѓумбирот може да биде делотворен против ракот на панкреасот, рак на дојка и рак на јајници.
  3. Помага при хронични дигестивни пречки.
    – Ѓумбирот помага храната побрзо да се обработи во дигестивниот систем, доколку често се користи ѓумбирот кај здрави луѓе може да ја забрза обработката на храна за 50%.
  4. Го намалува шеќерот во крвта и ризикот за заболувања на срцето.
    – Во истражувањето учествувале испитаници со дијабетис тип 2, и секојдневно земале по 2 до 3 грама ѓумбир во прав. Резултатите од истражувањето покажале, дека нивото на шеќер во крвта се намалил за 15%, но и дека ѓумбирот може да го намали ризикот од разни срцеви заболувања.
  5. Заштитува од Алцхајмерова болест.
    -Некои резултати, покажуваат дека ѓумбирот ги подобрува функциите на мозокот, како што се:
    а) Работна меморија.
    б) Право временски реакции.
    – Овие здравствени придобивки на ѓумбирот најдобро се забележуваат кај жените.
  6. Ги намалува менструалните болки.
    – Направено е истражување во кое учествувале 150 жени кои користеле ѓумбир 1.5 до 2 грама ѓумбир во прав, во текот на првите 3 дена од менструацијата. Кај нив ѓумбирот успеал да ја намали болката подеднакво како и некои лекови наменети за намалување на болки при менструација.
  7. Ги намалува симптомите на остеоартритис.
    -Остеоартритис е чест здравствен проблем, кој воглавно ги опфаќа повозрасните генерации. Станува збор за деформирање (неправилна форма / дегенерација) на зглобовите, што доведува до болки и здрвување. Ѓумбирот може да ја ублажи болката, а во комбинација со цимет и масло од сусам го намалува здрвувањето – ако се користи локално.
  8. Ја намалува болката во мускулите.
    – Освен се што беше предходно наведено, ѓумбирот докажано ја намалува болката во мускулите. Секојдневно конзумирање на 2 до 3 грама ѓумбир, во времетраење од 15 дена, ги намалува болките во мускулите, благодарение на бројните анти-воспалителни својства.

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За повеќе информации следете нѐ на FaceBook close[x]
За да се затвори овај прозорец почекајте да заврши 15 времето