Здрав пченкарен леб

Пченкарниот леб е стара традиционална намирница од кујните на нашите баби. Пченкарното брашно е застапено во употреба уште во минатото во нашите традиционални јадења, како хранлива и енергетска намирница со која се подготвуваат огромен број на јадења. Ние денес ви спремивме вкусен и здрав леб кој можете да го приготвите брзо и едноставно, а притоа да го комбинирате со секакви други традиционални производи.

Состојки:
1. 300 грама пченкарно брашно
2. 100 грама пченично интегрално брашно
3. 300 мл. кефир (јогурт)
4. 100 мл. млеко
5. 2 јајца
6. 1 лажица сода бикарбона
7. Половина лажица сол
8. 3 лажици маслиново масло

Припрема:
– Ги разделуваме белките од жолчките и потоа белките ги матиме. Ги мешаме сите состојки заедно, освен предходно изматените белки кои ги додаваме на крај.
Целата смеса ја додаваме во калап за печење леб, на кого предходно местиме хартија за печење. Печеме во рерна на 180 степени околу 60 минути.

*Препорака за вкусен доручек:
Омлет со сланина, спанаќ и јогурт.
Наздравје!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *