Здрави палачинки без брашно

Здрави и вкусни палачинки без брашно, брзи и лесни за подготовка за сите љубители на благи палачинки!

Состојки:
1. Две банани
2. Две јајца

Припрема:
1. Двете јајца ги кршиме во длабок сад и потоа ги мешаме додека не се соединат јајцата.
2. Двете банани ги додаваме во садот со јајца, но предходно ги пасираме со лажица и заедно ги мешаме.
3. Смесата се печи во тава, со малку масло истите ги правиме во помал облик (слични на американски палачинки).
4. Ги редиме палачинките една врз друга, и измеѓу секоја палачинка додадете мед/џем по ваш избор.
5. Можете да додадете малини, бадеми или некои други јаткасти плодови и бобинасто овошје по ваш избор.
*Ние додадовме портокал и јаворов сируп.

На здравје!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *