Мај е месец на зеленчук и овошје!

Пролетта ни нуди огромна понуда на зеленчук и овошје, со тоа добиваме повеќе здрави намирници во нашата чинија.
Прекрасните мајски денови следуваат и е време да ги посетите богатите пазари кои нудат прекрасна и здрава храна. Свежите продукти кои ги имаме во пролет се нашиот најдобар сојузник за нашето здравје, па поради тоа овие пет намирници нека ви бидат секогаш на списокот за пазарење.



1. Грашок
-Еден од најмалите мешункасти плодови кои ги нуди природата, богат со голем број на хранливи материи. Грашокот е особено богат со витамини A,C и K, кои се важни за здрава крв и здрави коски. Можте да го конзумирате суров или пак варен безразлика тој е подеднакво добар и погоден за во различни салати, тестенини, ориз, со што одлично се вклопува во секој оброк.

2. Карфиол
– Повеќето од нас ги заобиколуваат белите плодови мислеќи дека не се богати со хранливи материи, но наспротив белите плодови поготово карфиолот е богат со состојки кои делуваат против воспалително, а воедно некои научници го поврзуваат и со превенција од рак и мозочен удар. Можете да го конзумирате суров со сос од путер од кикиритки, приготвен како каша или пак како гарнир со варен компир.

3. Марулка или позната како зелена салата
– Марулката е зелена салата која содржи голема количина на витамин C и B комплекс, како и важни минерали, како калциум, фосфор и железо. Погодна е за црниот дроб, а богата е и со диетални влакна со кои марулата го стимулира варењето на храната во цревата.

4. Спанаќ
– Мај е месецот на спанаќот, па затоа би било штета да се заобиколи во нашето мени за секојдневна исхрана. Спанаќот е најдобар извор на витамини A, C, E, фолна киселина (витамин B9),  калциум и железо.

5. Јагоди
– Јагодите се омилено овошје во месец мај, и се заштитен знак на пролетта. Јагодите се богати со фолна киселина (витамин B9), и витамин Ц. Со нивно конзумирање во телото внесуваме растителни феноли и моќни антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот од рак и срцеви заболувања. Воедно јагодите се извор полн со диетални влакна, па се корисни за нашиот дигестивен систем, се користат и за намалување на холестеролот, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, штитат од некои видови на рак поготово рак на дебелото црево.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *