Чоко–јаткасти енергетски колачи

За припрема на овај вкусен десерт потребно ви е само неколку состојки и навистина премногу малку време. Овај рецепт е лесен и одличен за оние кои се нови во кујната па сакаат да ги заменат висококалоричните и нездрави слатки работи со едноставни, вкусни и здрави десерти. Освен тоа што нема да поминете премногу време во кујната, овие енергетски колачина не бараат посебно внимание.



Од многу малку состојки, можете да направите поголема количина на колачи, кои можете да ги оставите за оние моменти кога навистина имате потреба од благо во текот на целата недела.
Со цел да направиме десерт кој ќе се прилагоди кај сите оние кои во овај момент внимаваат на својата тежина, ние ви спремивме рецепт користејќи само неколку продукти.

СОСТОЈКИ:

– 150 грама путер од кикиритки
– 1 Доза Whey протеин од ванила
– 1 цело јајце
– Неколку капки екстракт од ванила
– Малку сол
– Две кесички стевија природен засладувач
– 15 грама сецкано темна чоколада
– 15 грама сецкани лешници

ПРИПРЕМА:

1. Промешајте го путерот од кикиритки, whey протеинот, јајцето, екстрактот од ванила и солта заедно во поголем сад, по што откако ќе се соедини смесата полека се додаваат двете кесички стевија засладувач.
2. Готовата смеса ја обликувате во вид на колачина, по еднаква големина на лим за печење обложен со хартија за печење. Ги ставате во рерна и ги печете 10 минути на температура од 180 степени.
3. Откако ќе се испечат, ги оставаме 30-40 минути да се изладат и вашиот десерт од колачина е готов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *