Боровници – Зошто и како да ги внесете во исхраната

Иако на боровниците најчесто гледаме како летно овошје, овие мали но нутритивно богати бобинки препорачано е да се конзумираат во текот на целата година поради нивните огромни бенефити кои ги имаат за нашето здравје.

Боровниците освен тоа што се вкусни, тие одлично се подготвуваат со голем број на други намирници па затоа можете да ги додадете скоро во секое јадење, а во прилог ние ви сремивме неколку причини, кои треба да ги знаете.

  • Богати се со диетални влакна

Една рака боровинки обезбедува дури 8 грама влакна, и се на се 60 калории. Со тоа тие задоволуваат една третина од препорачаната дневна доза на диетални влакна. Поголема количина на влакна подолго ќе ве држи сити, ќе го намали холестеролот а воедно ќе го забрза топењето на масните наслаги регулираќи го нивото на инсулин во крвта. Освен тоа, боровниците се одлично решении за подобрување на варењето на храната па поради тоа им парираат на скапите пробиотици.

  • Богати со витамин “C”

Преку конзумирање на една рака боровинки внесувате половина од препорачаните количини на витамин C. Освен тоа што го појачуваат имунитеот и го подобруваат здравјето на кожата, овај миќен антиоксиданс е потребен за производство на колаген и серотонин, хормони кои влијаат на нашето расположение и на квалитетот на нашиот сон. Исто така, витаминот C помага во обнова и поправање на ДНК, односно на нашиот генетски код па поради тоа конзумирањето на бобинки доведува до помала веројатност за развој на рак.

  • Здрави коски

Боровниците се богати со витамин К, кој е есенцијален во одржувањето на здравите коски. Станува збор за  еден од главните елементи во формирањето на коските, а неколку истражувања покажале голема поврзаност помеѓу ниско ниво на споменатиот витамин и остеопорозата. Исто така ова овошје е богато со манган кој го помага дравјето на коскениот состав односно произведува колаген за здрава кожа и здрави зглобови.

  • Одржува стабилно ниво на шеќер во крвта

Према гликемискиот индекс (25) боровниците се помеѓу најниските рангирани намирници на листата. Со своите 7 грама фруктоза, во една рака, припаѓаат во категоријата на овошје „сиромашно“ со шеќер. Всушност тоа ниско ниво на фруктоза во комбинација со високото ниво на влакна ги прават боровниците идеален избор за храна која ќе го регулира нивото на шеќер и инсулин во крвта. Па поради таа причина се препорачува на лицата кои имаат проблеми со срцето.

  • Добри се за мозокот

Антиоксидансите во бобинките, вклучувајќи ги и боровниците, помагаат во зголемување на работата на мозочните функции менувајќи го начинот на комуникација помеѓу неуроните. На долги стази гледано, честото и редовното конзумирање на боровница ќе го успори негативните ефекти преку стареењето на меморијата и моторичките способности.

Како да ги вметните бобинките во секодјевната исхрана?

Боровниците се со фин и сладок вкус па поради тоа одлично се сложуваат со огромен број на намирници. Свежите боровници можете да ги додадете буквално во сите јадења, од овесни снегулки, јогурт, протеински десерти, сезонски салати до прилози на зготвени јадења…
      Доколку сакате да направите одличен, вкусен и пред се здрав смути десерт, ние ви го предлагаме следниот рецепт:
– Додадете во блендер една рака замрзнати боровници, потоа додадете и една доза Whey протеин од ванила и една чаша овесни снегулки, малку чија семе. За неполни 2 минути имате прекрасен и здрав десерт!

Надравје!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *